Кина ја зголемува старосната граница за пензионирање

100

Кина планира да ја подигне старосната граница за пензионирање на работниците почнувајќи од следната година, одлука која ќе важи во следните 15 години.

Мажите ќе можат да се пензионираат кога ќе наполнат 63 години, а жените на возраст од 55 до 58 години, во зависност од работното место.

Оваа одлука ќе се применува од јануари следната година, се наведува во соопштението на кинескиот законодавен дом пренесено од државната телевизија CCTV.

Сегашната возраст за пензионирање е 60 години за мажи, а од 50 до 55 години за жени.

-Имаме повеќе луѓе кои се на прагот на возраста за пензионирање, така што пензискиот фонд се соочува со голем притисок, така што мислам дека сега е време да се дејствува сериозно, рече Ксијујан Пенг, виш научен соработник на Универзитетот во Викторија, во Австралија, кој го проучува населението на Кина и неговите врски со економијата.