Кина казни технолошки гиганти поради кршење на антимонополските закони

89

Кинески технолошки гиганти, вклучувајќи ги Alibaba Group и Tencent Holdings, беа казнети денеска поради непријавени аквизиции. Компаниите немаат пријавено 43 аквизиции во последните осум години, согласно правилата за концентрација, велат од Државната управа за регулирање на пазарот.

За секој прекршок е предвидена казна од 500.000 јуани (80.000 долари).

Пекинг започна кампања за спречување на создавање монополи на пазарот и акција за заштита на податоците од технолошки компании кон крајот на 2020 година.

Владејачката партија е загрижена дека компаниите имаат преголема контрола врз нивната индустрија и ги предупреди да не ја користат својата доминација за да ја блокираат конкуренцијата.