Кина ќе добие пловна болница за справување со заразни болести

65

Кина го комплетираше концептот за изградба на пловна болница, што би била соодветна за лекување на лица заболени од корона вирусот, пишува South China Morning Post.

Таканаречениот брод за итна медицинска помош, што би можел да ги згрижи лицата заболени со овој вирус и слични заразни респираторни проблеми, го дизајнираше кинеската бродоградежна компанија Institute 701.

“Бродот би требало успешно да се справува со непознати заразни болести, како што е Ковид 19, со целосно нови протоколи за медицинска заштита и распоред на персонал, материјал, гориво, вентилација, отпад…“, велат од компанијата.

Кина има само еден болнички брод од 14.000 тони, со којшто управува кинеската морнарица и најчесто се користи за прекуморски хуманитарни мисии. На овој брод има околу 300 кревети, вклучувајќи и 20 за интензивна нега и 10 за карантин, но е фокусиран на конвенционални медицински услуги за незаразни болести и повреди.

Новиот брод би можел да пружи медицинска помош и во странство за време на епидемија, а може да послужи и за евакуација. Исто така, ќе биде соодветно дизајниран за спроведување на карантин.

Фото: Pexels