Во националниот парк Zhangjiajie, во кинеската провинција Хунан ќе никне најголемиот, најдолгиот и највисокиот стаклен мост во светот. Ова чудо, кое ќе се издига на височина од 300 метри, е дело на израелскиот архитект Хаим Дотан.
Стаклениот мост или Grand Canyon Glass Bridge се очекува да биде комплетиран во јули, а официјално да се отвори во октомври, јавува CNN.
Мостот, којшто ќе поврзува две масивни карпи, ќе биде долг 430, широк 6 метри и ќе може одеднаш да смести 800 луѓе. Истиот ќе се користи повремено и како писта за модни ревии, а најхрабрите ќе можат да го почувствуваат адреналинот со банџи џампинг.