Кина ќе добие ултра луксузен хотел вреден 528 милиони долари

71

Познат под името Songjiang Shimao, футуристичкиот хотел кој започна официјално да се гради во напуштен каменолом во Кина, е дел од голем архитектонски план. Како што вели Ли Ксу Јанг, менаџер во Shimao Group, напуштената област е планирано да прерасне во голем тематски парк.

Британската компанија Atkin, која го дизајнираше хотелот се водеше од идејата зданието и околината да се преточат во едно. Фирмата планира да изгради еко покрив со трева и дрвја кои користат природни ресурси како извори на енергија.

Два ката, од зградите коишто ќе имаат по 19 катови, ќе бидат под вода. Нивните ѕидови ќе наликуваат на аквариум, па така гостите ќе можат да гледаат во длабочините на каменоломот. Останатите 17 ката ќе бидат изградени во внатрешноста на длабината, од каде всушност почнува планината Тианменшан.

Целиот проект се очекува да биде завршен за три години. Цената за ноќевање во овој футуристички луксузен хотел предвидено е да биде 306 долари за една вечер.

songjiang-hotel-2

songjiang-hotel-3 songjiang-hotel-2[2]

89381b9f-86cb-477b-9690-061f632fb974 dAxAr SongjiangShimao