Кина ќе дозволи отворање на приватни банки

20

Chinese banksКинеската банкарска регулаторна комисија објави дека годинава ќе одобри пробна работа на меѓу три до пет приватни банки, во рамките на реформите на секторот кој досега беше под строга контрола на државата.

Приватните финансиски институции ќе поминат строги процедури и ќе мора да ги задоволат строгите стандарди и критериуми за основање, ќе добијат ограничени лиценци за работа, а ќе бидат под засилен надзор, особено системот за управување со ризици.

Комисијата најави дека ќе ги разгледа условите под кои на странските банки би им допуштила поголема присутност на кинескот пазар.

Според претставници на Светска банка, реформите на кинескиот банкарски систем се задоцнети за да ја направат економијата попродуктивна.