Кина ќе вложи 56 милијарди долари до 2015 година во ограничување на загадувањето на воздухот во големите градови. Локалните власти ќе го финансираат поголемиот дел од програмата наменета за намалување на нивото на штетни честички во воздухот во 117 градови за барем 5% до 2015 година, пренесува Ројтерс.
Лекарите предупредуваат дека честичките познати како ПМ 2,5 можат да се задржат во белите дробови и да предизвикаат респираторни проблеми и други заболувања.
Кинеските власти признаваат дека штетните коктели од издувните гасови, прашината и аеросолите често го загадуваат воздухот во градовите и претставуваат голем ризик за здравјето на жителите.
Граѓаните на Пекинг претежно се потпираат на индексите за загаденост што ги објавува американската амбасада, што пак ги лути кинеските власти кои тврдат дека американските пресметки не се засновани врз научна основа. Податоците изработени според американските стандарди се многу полоши од оние што ги изработууваат кинеските власти и често нивото на загаденост го рангираат како опасно при подолга изложеност.