Кина ќе користи 5% украинско обработливо земјиште

20

zemjaПоради се поголемата побарувачка за храна и се помалку расположивото обработливо земјиште, Кина одлучи да земе на лизинг три милиони хектари земја од Украина. Во првата транша Кина ќе добие 100.000 хектари, а во следните 50 години површината ќе се зголемува, за на крај да стигне до три милиони хектари, што е 5% од вкупната површина на Украина или 9% обработлива површина што ја поседува оваа земја.

Земјата ќе се користи еден дел за садење, а другиот дел за одгледување на свињи. Се што ќе биде произведено ќе им се продава на кинеските државни компании по поволни цени.

Како дел од договорот, Експорт-импорт банката на Кина и даде на Украина заем од три милијарди долари за развој на земјоделството. Во замена за своите производи, Украина ќе добие семиња, опрема, како и фабриката за ѓубрива.

Според критичарите, овој потег претставува пример за колонијализам и експлоатација на ресурсите во сиромашните земји од страна на побогатите земји. Денес таквите договори повеќе се мотивирани од потребата за храна, отколку за профит. Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, САД и други земји веќе имаат купено странско обработливо земјиште, особено по глобалниот скок на цената на храната 2007-2008 година. Според извештајот на непрофитната организација Grain, минатата година најмногу земја се купувало во Африка, но и во Источна Европа, Латинска Америка и Азија. Помеѓу 0,7% и 1,75% од обработливото земјиште во светот од локалните жители е пренесено на странски инвеститори.