Кина најавува соработка со Германија и ЕУ за вакцината против Ковид-19

15
Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина е подготвена да соработува со Германија за вакцините против Ковид-19.
Кинескиот претседател наведе дека тие се подготвени да соработуваат со цел да се обезбеди фер и ефикасна дистрибуција на вакцините ширум светот, особено во земјите во развој, објави денеска Кинеската медиумска група. На оваа тема, додаде Си, вчера телефонски разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел, неколку дена по завршувањето на самитот на Г20.

“Европските земји се соочуваат со уште еден бран на пандемијата и треба да се обединат во борбата против коронавирусот“, рече Си.

Тој ѝ порачал на канцеларката Меркел дека Кина се надева дека Германија и ЕУ можат да останат отворени за кинеските компании и дека билатералната соработка треба да се заснова на меѓусебно почитување и корист.

“Кина ќе продолжи да го шири и отвора својот домашен пазар, што ќе доведе до нови можности за германските компании, додаде тој.
Фото: Pixabay