Кина најголем гринфилд инвеститор во светот

48

dolari

Од јануари до април оваа година, кинеските компании инвестирале 29,43 милијарди долари во 126 нови гринфилд проекти во странство. Ова е прв пат Кина да биде најголем инвеститор глобално во овој сектор. Во истиот период, САД инвестирале 22,8 милијарди долари, пишува China Daily.

Топ дестинации за кинескиот капитал биле Мозамбик, каде се направени околу 4 милијарди долари инвестиции од China National Petroleum, потоа следува Индија со 3,8 милијарди, Алжир со 3,43 милијарди долари, Франција 3,41 милијарди долари и Малезија со 2,05 милијарди долари.

Во однос на број на проекти, најмногу проекти се реализирани во Индија (20) и САД (15).

Најголем инвеститор во странство во првите четири месеци била државната кинеска нафтена компанија China National Petroleum (6,73 милијарди долари), а втора е компанијата Dalian Wandafollowed (4,3 милијарди долари).