Кина очекува 190 милиони странски туристи годишно до 2030 година

Кина планира да го зголеми бројот на странски туристи на 190 милиони годишно до 2030 година, што е предвидено во новиот петгодишен план за развој на туризмот одобрен од Државниот совет на Кина.

Со ова, земјата дополнително ги интензивира своите напори за привлекување повеќе посетители од странство, поттикнување на домашната потрошувачка и продлабочување на меѓународната размена, објави Синхуа.

Планот предвидува дека годишната потрошувачка на странски туристи ќе надмине 150 милијарди американски долари (околу 127,5 милијарди евра) до 2030 година.