Кина очекува продажбата на автомобили да порасне за три проценти во 2023 година

19

Продажбата на автомобили во Кина најверојатно ќе порасне за три проценти и ќе достигне 27,6 милиони во 2023 година, соопшти врвното тело на автомобилската индустрија во земјата, очекувајќи економско закрепнување да ги неутрализира негативните ефекти од пандемијата на коронавирус.

Од вкупниот број, продажбата на нови енергетски возила (NEV) најверојатно ќе се зголеми за 35 проценти на девет милиони, рече Ксу Хаидонг, заменик-главен инженер во Кинеската асоцијација на производители на автомобили (CAAM), на онлајн состанок, објави Ројтерс.

Здружението забележа дека идната година ќе се намалат притисоците врз овој сектор и ги повикаа надлежните да ја прошират одредбата за стимулации за граѓаните, односно намалување на даноците за набавка на возила со мотори со внатрешно согорување и разни субвенции од локалната самоуправа.