Кина од утре најави воведување царини од 84 отсто за американските стоки

Кина утре ќе воведе царини од 84 отсто за американски стоки, наспроти претходно објавената царина од 34 отсто, соопшти денеска кинеското Министерство за финансии.

Во исто време, Кина ја информираше Светската трговска организација (СТО) дека одлуката на Соединетите Американски Држави да воведат реципрочни царини за Пекинг се заканува дополнително да ја дестабилизира глобалната трговија.

„Ситуацијата опасно ескалира. Како една од засегнатите членки, Кина изразува сериозна загриженост и решително противење на овој непромислен потег“, се вели во соопштението на Кина до СТО, испратено до Ројтерс од кинеската мисија до трговското тело.

Фото Pixabay