Кина: Откриен рудник за злато со резерви за следните 40 години

23

zlato

Фото: Pexels

Во источниот дел на Кина е пронајден најголемиот рудник на злато во земјата во којшто, според проценките, би можеле да се наоѓаат 382 тони злато, вредно околу 22 милијарди долари, соопшти компанијата Shandong Gold Group.

Златната жила има должина од два километри, широка е 67 метри, а рудникот што се наоѓа во источниот регион Шандонг би можел да произведува злато наредните 40 години, пишува RT.

Кина е петта земја во светот по резервите на злато, по САД, Германија, Италија и Франција, а новооткриениот рудник би можел да содржи 20% од резервите, коишто се проценуваат на 1.843 тони.