Кина: Патнички воз што достигнува брзина до 400 километри на час

22

transportation-2608894_960_720

Фото: Pixabay

Fuxing во овој момент е најбрзиот патнички воз во светот откако го сруши рекордот во брзина, поминувајќи растојание од Пекинг до Шангај за време четири 4 часа и 28 минути, со брзина од 350 километри на час. Возот достигнува максимална брзина од 400 километри на час, има повеќе простор од останатите, бесплатен Wi – Fi и поголема моќност, пишува Shangai List.

Fuxing има над 2.500 сензори, 500 повеќе од неговите претходници коишто истовремено следат над 1.500 индикатори во реално време од сите вагони. Доколку се случи некоја аномалија во системот за ладење, кочење или климатизација, тогаш се активираат аларми и возот сопира самостојно.

Во иднина, Кина планира масовно производство на овие модели и со тоа да ги замени старите Hexie возови.