Кина планира да произведе три милијарди вакцини до крајот на годината

28

Кина до крајот на годината би требало да произведе три милијарди дози од вакцините против коронавирусот.

“Имаме капацитет во втората половина од годината да ги исполниме барањата за домашна побарувачка“, вели Зенг Зонгвеј, претставник од Националната здравствена комисија.

Властите во Кина ги објавија најновите податоци според кои производството на вакцина од први февруари до петти март е трикратно зголемена, на пет милиони дози дневно.

Водечкиот производител на вакцини, Sinovac Biotech соопшти дека овој месец го удвојуваат своето годишно производство на две милијарди дози.

Кинеската национална фармацевтска групација, Sinopharm соопшти дека од почетокот на април ќе може секој месец да испорачува по 100 милиони дози вакцина против коронавирусот. Целта на групацијата е да се подигне производството на три милијарди дози годишно.

Фото: Pexels