Кина има за цел да создаде еден милион иновативни мали и средни претпријатија до 2025 година, според владините насоки за развој на мали и средни претпријатија во текот (2021-2025).
Насоките беа заеднички објавени од страна на кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија и 19 други министерства и владини оддели.
Целите предвидуваат расходите за истражување и развој на малите индустриски претпријатија да одржуваат годишен раст од над 10 проценти до 2025 година, а бројот на пријави за патенти исто така ќе се зголемува за 10 проценти на годишно ниво.
Дополнително, ќе се направат напори за подобрување на ефикасноста на услугите за малите и средни претпријатија, како и за подобрување на услугите со дигитални технологии, според насоките на кинеската влада, пренесува BizLife.











