Кина подготвува правила за автономни возила

51

Кина се подготвува да донесе правила за автономни возила во патничкиот сообраќај, соопшти Министерството за транспорт.

Министерството ќе поттикне користење на автономни возила како такси во ситуации кои лесно се контролираат и во ситуации на помал сообраќаен метеж, се вели во извештајот. „Превозот со автономни возила треба да ја има безбедноста како приоритет“, велат од Министерството за транспорт.

Кина и САД се во трка за комерцијализација на автономното возење, од врвни сензори и технологии за мапирање до регулативи кои го балансираат развојот и безбедноста. Американските држави како Аризона им дозволуваат на компаниите за самоуправувачки камиони да работат без луѓе.

Калифорнија ја одобри единицата за роботакси Cruise LLC на General Motors во јуни. Американската компанија ќе почне да им наплаќа на патниците за возење иако физички нема возач во возилото. Компаниите Baidu и Pony.ai добија лиценци за користење и управување со роботакси возила во ограничени зони во Кина, Пекинг, Шангај и Шенжен.

Baidu објави дека добил дозволи за управување со првите роботакси возила без возач на отворени патишта во два кинески града. Компанијата соопшти дека дозволите издадени од југозападната општина Чонгкинг и централниот град Вухан означиле „пресвртница“ во усвојувањето на новата политика за автономно возење.