Кина порача 200 милиони заштитни маски од Турција

89

Кина во изминатите неколку денови порача 200 милиони заштитни маски од медицински компании во Турција, како заштита од пренесување на корона вирусот,  пренесуваат турските медиуми.

“Изненадени сме со оглед на тоа што Кина е еден од најголемите светски производители на заштитни маски. Турција произведува 150 милиони заштитни маски годишно, а тие сега побараа 200 милиони“, вели Фатих Арпач, од медицинска компанија што се занимава со производство на заштитни маски.

Порачките, како што се наведува, доаѓаат не само од Кина, туку и од други земји, како што се : Италија, Холандија, Франција, Полска и Германија.

Тој рекол дека неговата компанија работи 24 часа дневно и во недела за да може да се постигнат сите нарачки.

Фото: Pixabay