Кина презема мерки откако јуанот достигна 6-годишен максимум

84

Кинеската централна банка побара од финансиските институции и деловните субјекти да го заострат управувањето со валутниот ризик и да се воздржат од еднонасочни облози на јуанот, откако валутата се искачи на највисоко ниво во последните шест години во однос на кошницата на главните валути, пишува „Bloomberg“.

Нестабилноста на кинеската валута може да се зголеми во иднина бидејќи централните банки ширум светот почнаа да ги прилагодуваат своите монетарни политики, а двонасочната флуктуација на јуанот се очекува да биде нормална, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на кинеската народна банка.

Јуанот е блиску до највисокото ниво од 2015 година во однос на валутите на кинеските трговски партнери.

Заменик-гувернерот на Централната банка, Лиу Гуочијанг присуствуваше на состанокот на Кинеската девизна комисија, највисокиот регулатор на валута во земјата. Последен пат групата се состана во мај, а тоа беше неколку дена пред Централната банка на Кина да го зголеми износот на странски валути што банките треба да ги чуваат како резерви за прв пат по повеќе од една деценија. Тогаш порастот го ограничи поскапувањето на јуанот.

Последната апресијација на јуанот уследи по растот на цената на американскиот долар, што според аналитичарите се должи на зголемувањето на кинескиот трговски суфицит и изгледите за пониски американски царини.

„Предупредувањата на валутниот регулатор е нешто што пазарот мора да го сфати сериозно“, рече Џоу Хао, виш економист за пазарите во развој во Commerzbank AG.
„Под какви било околности, ризикот од еднонасочен пазар е дека последователните валутни реакции може да бидат неконтролирани“, додаде тој.

Кси Гао, стратег за азиски валути во Scotiabank, напиша во белешка дека кинеската централна банка ќе ја одреди референтната стапка на јуанот во однос на доларот, со можност за пораст доколку е потребно за да се спречат какви било еднострани шпекулации за поскапување на јуанот. Сепак, тој ја одржува својата прогноза дека парот долар/јуан може да се движи до 6,35 јуани за долар.

Според аналитичарите на China Merchants Securities со седиште во Шенжен, поскапувањето на јуанот има многу повеќе придобивки за кинеската економија отколку штета, а играчите на девизниот пазар треба да се подготват за апресијација на среден и долг рок, откако доларот може уште да ослабне.

Официјалната изјава, објавена и на насловната страница на Financial News во петокот, финансиран од ЦБ на Кина, истакна дека девизниот курс на јуанот бил под влијание на „многу“ фактори, бидејќи моменталната светска економска и финансиска ситуација е „сложена и нестабилна“.

„Бизнисите, финансиските институции и другите учесници на пазарот можат да се справат со надворешните шокови само со придржување кон концептот на неутралност на ризик“, се вели во соопштението и се додава дека финансиските институции треба да се воздржат од шпекулативни активности и да не им помагаат на компаниите да шпекулираат на девизниот пазар.