Кина притиска за поевтини медикаменти преку осигурување

31

Кина им порача на осигурителните компании да работат на поевтина медицинска заштита поврзана со корона вирусот, којашто ќе им ги гарантира брзо одобрување за новите фармацевтски производи, информираат медиумите од Кина.

Овој потег ќе означи промена на кинескиот пазар на осигурување каде најголемиот дел од постојните производи се во основа инвестициски шеми, додека основната здравствена заштита покрива само една петтина од вкупната премија за животно осигурување.

Во последната недела во овој процес се вклучија China Life, China Pacific Insurance, Ping An Insurance Group и Zhong An Online P&C Insurance Co.

Голем број медицински лаборатории се во процес на барање за одобрување на производи со покривање на корона вирус во наредните недели.

Регулаторот за банкарство и осигурување во Кина (CBIRC) минатата недела ги прилагоди правилата за актуарство за здравствена заштита, несреќи и животно осигурување, како и осигурување на ануитет, што ќе помогне да се намалат премиите за такво осигурување од 3% до 5%.

Регулаторот ги увери осигурителните компании да ги промовираат овие производи во рок од неколку дена во споредба со вообичаениот временски период од две недели или повеќе за производи поврзани со осигурување.

Наплатата за премија за здравствено осигурување со низок степен на тежина, што вообичаено ќе вклучува и покривање со третман на вируси, би можело да биде од 15% до 30% поевтино од производите за критични заболувања, соопштија претставници на индустријата.

Кинеските извори информираат дека дека пониските премии и притисокот за поевтино, основно медицинско покритие, во голема мерка се поттикнати од потребата Кина да се справи со поефтин и побрз третман од коронавирусот за целата нација.

Фото: Pixabay