Кина разви “убиец” на дронови

46

dron

Кина разви и успешно тестираше исклучително прецизен ласерски систем против дронови. Овој таканаречен убиец на дронови има домет од два километри и може да собори мало летало за само пет секунди, пишува Ројтерс.

Системот е многу брз, исклучително прецизен и тивок, а направен е за уништување на беспилотни летала со помала димензија на висини пониски од 500 метри и побавни од 50 метри во секунда.

Тестот спроведен на кинеската Академија за применета физика покажа дека ласерскиот систем соборил 30 дронови, што е 100% учинок за многу кратко време. Кинезите планираат со овој систем да обезбедуваат големи настани во урбаните средини.

“Пресретнувањето на овие дронови е обична работа на снајперист или хеликоптер, но нивниот учинок не е толку добар, а поради непрецизноста може да има и човечки жртви“, објаснува еден од учесниците во проектот.

Малите беспилотни летала се релативно евтини и едноставни за користење, што ги прави да бидат совршена алатка за терористите.