Во Кина е развиен првиот автомобил што се контролира со силата на мозокот, пишува Reuters.
Тимот на експерти од Универзитетот Нанаки го направија првиот кинески автомобил што се движи и контролира со помош на мозочните активности.
Системот функционира така што електричните сигнали од мозокот безжично се пренесуваат до компјутерот во автомобилот, којшто ги обработува и ги пренесува во конкретна активности.
Целта е да се развие автомобил што ќе може да се вози без раце и нозе, а првобитната идеја на проектот е да им се помогне на лицата со хендикеп самостојно да управуваат со автомобил.
Технологијата е развиена во соработка со кинескиот производител на автомобили Great Wall Motors.