Кина развива експериментална вселенска соларна електрана

24

Фото: Pixabay

Кина планира изградба на првата експериментална вселенска соларна електрана. Станува збор за сателит што на себе би носел фотонапонски панели и би бил сместен во Земјината орбита, пишува Sudney morning herald. 

Оваа електрана би била оддалечена околу 36.000 километри од Земјата, а без никакви пречки, 24 часа на ден ќе биде изложена на сончева енергија, којашто потоа ќе ја претвори во електрична енергија.

Добиената енергија со ласери или микробранови би се насочувала кон Земјата, каде специјални електрани би ја претворале во електрична енергија подготвена за дистрибуција.