Кина, САД и Русија се најголемите извозници во Европската унија

116

Во периодот од јануари до август 2021 година, Русија извезе стока во вредност од 94,6 милијарди евра во земјите на Европската унија, што и овозможи да остане на третото место на листата на најголеми земји извознички во ЕУ, што ја достигна во првите шест месеци годинава, објави европската статистичка агенција Евростат.

Од јануари до август годинава, извозот од Русија се зголеми за 48,7 проценти во споредба со истиот период во 2020 година, кога беше остварен извоз во вредност од 63,6 милијарди евра, пренесува Танјуг.

Покрај Русија, меѓу трите најголеми извозници во ЕУ се Кина (285,9 милијарди евра) и САД (145,8 милијарди евра). Извозот на стоки од земјите на ЕУ во Русија, исто така, се зголеми во првите осум месеци годинава, но само за 13,6 проценти – од 50,7 на 57,6 милијарди евра. Најголемите увозници на производи од ЕУ се САД.