Кина со продажба на државни резерви го запре скокот на цените на металите

43

Кинеската агенција за економско планирање најави дека во “соодветен момент“ ќе продаде дел од државните резерви на бакар, алуминиум и цинк со цел да го сопре силниот пораст на нивните цени.

Целта е да се подобри снабдувањето, да се намалат трошоците и да се насочат цените кон нормално ниво.

Планот веќе носи резултати, наглиот раст е намален, а се очекува и зголемен надзор на пазарите за да се обезбеди нивно нормално функционирање.

Фото: Pexels