Кина со рекорден извоз на автомобили во јули, поголем за 67% во споредба со лани

87

Кинескиот извоз на автомобили достигна нов месечен рекорд во јули, покажуваат најновите индустриски податоци на Кина.

Автомобилските компании во земјата извезле околу 290.000 единици автомобили минатиот месец, што е зголемување за 67 % на годишно ниво и 16,5% во однос на јуни, според Кинеската асоцијација на производители на автомобили.

Јулискиот извоз на нови електрични возила изнесувал вкупно 54.000 единици, што е зголемено за речиси 90% во однос на јуни.

Во првите седум месеци од 2022 година, извозот на автомобили од Кина достигнал околу 1,51 милиони единици, при што патничките возила го зазедоа лавовскиот дел.

Извозот на автомобили во текот на целата година може да достигне 2,4 милиони единици, проценува Здружението.

Продажбата на автомобили во Кина продолжи да расте во јули, поткрепена со напорите на земјата да ја зголеми потрошувачката на автомобили, покажаа индустриските податоци.

Продажбата на автомобили во Кина во јули се зголеми за 29,7 % на годишно ниво, на 2,42 милиони единици.