Кина со рекорден трговски суфицит од 97,9 милијарди долари во јуни

48

Месечниот трговски суфицит на Кина се зголеми на рекордни 97,9 милијарди долари во јуни, бидејќи растот на извозот се забрза по олеснувањето на мерките против Ковид, кои привремено го ставија во карантин цел Шангај и ја нарушија трговијата.

Извозот се зголеми за 17,9 отсто на 331,2 милијарди долари во јуни, надминувајќи го мајскиот раст од 16,9 отсто, покажаа денешните податоци од царината. Увозот се зголеми за само 1,0 отсто на 233,3 милијарди долари поради слабата домашна побарувачка, пренесе АП.

Со речиси никаков раст на увозот, надворешнотрговскиот суфицит на Кина скокна за 90 отсто во споредба со минатата година.