Кина стана главен европски трговски партнер

36

Кина ги надмина САД минатата година и за првпат стана главен европски трговски партнер, покажуваат податоците на Европското биро за статистика.

Извозот на Европската унија во Кина минатата година порасна за 2,2%, а увозот 5,6%. За споредба, извозот во САД падна за 8,2%, а увозот падна за 13,2%.

Последните бројки коишто во понеделникот ги објави Eurostаt, покажаа дека Кина сега има поголема улога во европските економии.

“Причината за ова е очигледно фактот дека Кина / Азија е единствениот регион кој има брзо закрепнување“, рече економистот на ING од Германија, Карстен Бржески.

Кина, каде беа регистрирани првите случаи на Ковид-19, не помина низ втора блокада како што беше случај во многу европски земји. Како резултат на тоа, кинеската економија постигнува резултати слични на оние пред пандемијата во споредба со другите делови на светот, каде ограничувањата и понатаму влијаат на економската активност.

Кина се очекува да забележи стапка на раст на глобално ниво во 2021 година, според предвидувањата на Меѓународниот монетарен фонд.

Фото: Pixabay