
Пад на странските директни инвестиции (СДИ) е забележан во Кина, што е нов знак за економското забавување во таа азиска земја.
Странските директни инвестиции во Кина забележаа надолен тренд во април и мај, откако во првиот квартал од 2023 година се зголемија за 0,5 отсто на годишно ниво.
Според соопштението на Министерството за трговија на Кина, директните странски инвестиции во земјата се намалени за 5,6 отсто на годишна основа во периодот јануари-мај на 76,9 милијарди евра.
Директните странски инвестиции се зголемени за 0,5 отсто на годишна основа во првиот квартал од 2023 година во однос на истиот период од претходната година.











