Кина темелно ја проверува замрзнатата храна поради Ковид-19

30

Кина врши темелна проверка на увозниците на храна, супермаркети, платформи за тргување преку интернет и ресторани, за да спречи ширење на коронавирусот.

“Во овој момент ситуацијата со спречување и сузбивање на епидемијата уште е сложена и тешка, а ризикот за влез на заразата преку увезени замрзнати производи континуирано расте паралелно со зголемената размена“, велат од кинеската Управа за регулација на пазарот.

Замрзнатите прехранбени производи од увоз не смеат да се продаваат во Кина без сертификат којшто покажува дали се тестирани на нуклеинска киселина на коронавирусот. Тие мора да бидат под инспекциски надзор, а нивната документација вклучува и сертификат за карантин и потврда за дезинфекција.

Производителите и операторите во Кина смеат да увезуваат замрзнати прехранбени производи по точно пропишани канали, а мора да се складираат и продаваат само на точно предвидени места.

Кина веќе ги заостри правилата за увезени замрзнати производи во пристаништата и на локалните пазари, ги зголемуваат трошоците и ја ограничуваат побарувачката, но новиот пристап на Пекинг покажува дека правилата во иднина само ќе се заоструваат.

Фото: Freepik