Кина “удира“ по бизнисот на Џек Ма

96

Информацијата дека кинеската влада има намера да го “стопи“ бизнисот на Ant Group Co. предизвика немир кај инвеститорите и пад на вредноста на акциите на кинескиот технолошки сектор, така што индексот Hang Seng Tech ослабе во понеделникот за повеќе од 2,2 проценти.

Пекинг сака да го прекине бизнисот со платформата за плаќање преку Интернет Alipay, која припаѓа на Ant Grоup, чиј сопственик е Џек Ма, а од минатата година е на милост и немилост на кинеските власти и ретко се појавува во јавноста. Alipay има повеќе од милијарда корисници, а властите наредуваат да се оддели од кредитниот бизнис, дознава ФТ.

Кинеските регулатори, наводно, веќе и наредиле на групацијата  да оддели две кредитни единици во посебен ентитет – Хуабеи, што е слично на традиционалната кредитна картичка и Јиeибеи, кој обезбедува мали необезбедени заеми. Регулаторите бараат овие две  компании за кредитирање да имаат и своја независна апликација. Исто така, од Ant Group ќе се бара да ги предаде податоците за корисниците врз основа на кои одлучува за заеми, а новата услуга би требало да биде делумно државна сопственост.

Според упатените, владата во Пекинг верува дека монополската моќ на големите технолошки компании доаѓа од нивната контрола на податоците и сака да ја прекине.