Кина: Вложуваме максимални напори да започнеме преговори со ЕУ за царините

Кина утринава објави дека прави максимални напори да ги започне преговорите со ЕУ за тарифите наметнати од Брисел за увоз на кинески електрични возила и други производи.

Портпаролот на кинеското Министерство за трговија Хе Јадонг на прес-конференција изјави дека Кина се надева дека европската страна ќе ги послуша повиците на индустријата и ќе промовира билатерална инвестициска соработка преку дијалог и консултации, објави Ројтерс.

Во посебна изјава, кинеското Министерство за трговија рече дека во Кина се водат истраги во врска со субвенциите на ЕУ за извоз на свинско и млечни производи.

Во октомври минатата година ЕУ ги зголеми царините на 45,3 отсто за увоз на електрични возила од Кина.

Кина силно ја критикуваше одлуката, како и Германија и Унгарија, кои се членки на ЕУ, пренесува Танјуг.

ЕУ официјално ги одобри тарифите за увоз на кинески електрични возила кои се движат од 7,8 до 35,3 отсто, како дополнение на стандардната царина од 10 отсто за увоз на автомобили во ЕУ.

Пекинг соопшти дека поднел жалба до Светската трговска организација поради овој потег.