Кина во 2028 година ќе биде прва економија во светот

57

Кина ќе ги надмине Соединетите држави и ќе стане првата економија во светот во 2028-ма година, пет години порано отколку што претходно се проценуваше поради разликите во закрепнувањето од пандемијата на вирусот Ковид-19, објави CEBR (Centre for Economics and Business Research).

Пандемијата на вирусот Ковид-19 и последиците од долгорочниот економски раст на Западот ѝ донесоа корист на Кина, која вешто се справи со кризата со строго рано заклучување, според новиот годишен извештај на Центарот за економски истражувања и деловни истражувања CEBR.

Проценето е дека Кина ќе оствари просечен економски раст од 5,7% годишно од 2021-ва до 2025-та година и дека потоа ќе забави на 4,5% годишно од 2026-та до 2030-та година.

Иако Соединетите држави веројатно ќе имаат силно закрепнување по пандемијата во 2021-ва година, нивниот економски раст може да забави на 1,9% од 2022-ра до 2024-та година, а потоа на 1,6% после тоа, се вели во извештајот.

“Економската борба и меката моќ меѓу САД и Кина се сеопфатна тема на глобалната економија веќе некое време“, се вели во годишниот извештај на CEBR.

Се проценува дека влијанието на пандемијата врз глобалната економија ќе има поголемо влијание врз инфлацијата, отколку врз побавниот раст.

Јапонија ќе остане трета економија во светот до почетокот на 2030-та година, кога ќе биде престигната од Индија и ќе ја турне Германија од четвртото на петтото место.

Велика Британија, моментално е петта по големина економија во светот, ќе биде на шестото место од 2024-та година, се наведува во извештајот.

Фото: Pixabay