Кина во април оствари трговски суфицит од 82 милијарди евра

14

Кина во април забележа трговски суфицит од 82,0 милијарди евра, соопшти денеска Генералната царинска управа на Народна Република Кина.

Овој резултат не е во согласност со претходните очекувања на пазарот, кои предвидуваа поскромен раст од 65,1 милијарди евра.

Трговскиот биланс на Кина е значително подобар од истиот месец минатата година, кога е забележан помал суфицит од 45,0 милијарди евра.

Кинеската економистка од Капитал Економикс, Зичун Хуанг, смета дека извозот од Кина ќе продолжи да слабее во текот на годината поради слабата побарувачка во светот, пренесува Ројтерс.

Сепак, таа очекува очекуваниот раст на кинеската побарувачка да го поттикне увозот.

Аналитичарите сметаат дека строгата монетарна политика што се спроведува во светот речиси 18 месеци е пречка за закрепнување на кинеската и глобалната економија.

Фото: Freepik