Кина за прв пат пред САД по бројот на милијардери

34

Wang-Jianlin-Chairman-of-the-Dalian-Wanda-GroupКина за прв пат изби на прво место по бројот на милијардери во светот, со што ги надмина САД, пишува Телеграф.

И покрај тоа што економијата во Кина во последните неколку месеци не е на завидно ниво, бројот на милијардери во оваа земја годинава се зголеми за 242, со што истиот сега изнесува 596.

За споредба, во САД моментално живеат 537 милијардери.

Зголемената бројка на милијардери во САД во голема мера се должи на порастот на ИТ и производствените индустрии.

Онлајн продажбата, забавната индустрија и останатите услужни бизниси во последно време одлично котираат во Кина, додека традиционалните како индустријата за преработка на челик и природни ресурси се во опаѓање.

На врвот на листата се наоѓа Венг Џианлин, претседателот на Wanda Group којашто работи со хотели, трговски центри и кина, чие богатство се зголеми за 52% во споредба со лани и сега изнесува 34,4 милијарди долари.

На второ место е Џек Ма, човекот зад групација за онлајн трговија Alibaba чие богатсво изнесува 22,7 милијарди долари, додека трет е Зонг Кингхо од Wahaha, компанија за производство на пијалоци и минерална вода со 21,2 милијарди долари на сметка.