Кина забранува увоз на цврст отпад

41

Кина од први јануари следната година целосно ќе забрани увоз на цврст отпад, соопштуваат тамошните власти.

Според заедничкото соопштение на Министерството за екологија и животна средина, Министерството за трговија и Царинската управа, одлагање на отпадни производи од странство на кинеска територија ќе биде забрането.

Кина од 2017-та година постепено го забранува увозот на цврст отпад. Пекинг таа година објави дека забранува увоз на 24 видови на цврст отпад, вклучувајќи хартија, текстил или отпад од ванадиум.

Бидејќи Кина има ограничен капацитет за решавање на проблемите со отпад, земјата од 1980-та година била најголем увозник на цврст отпад во светот. Некои компании илегално увезувале отпад во Кина, што претставувало закана по животната средина и јавното здравје.

Увозот на цврст отпад во Кина лани бил 13,48 милиони тони.

Фото: Freepik