Кинеска бизнис делегација на средба со министерот Сарачини

20

IMG_3703-600x400Министерот за економија Ваљон Сарачини се сретна со кинеска делегација предводена од генералниот менаџер на China construction first group corporation, Ши Кинг.

Спред соопштението на министерството за економија, целта на посетата на кинеската делегација е запознавање со деловните и инвестициските услови во Република Македонија.

Ресорниот министер пред гостите ги презентираше потенцијалите и карактеристиките на Република Македонија во делот на бизнис-климата, позитивната даночна политика, како и поволните услови и можности што државата им ги дава на странските инвеститори, поедноставување на регулативата со Регулаторната гилотина, подобрување на инфраструктурата и модернизација на образовниот систем со посебен акцент на можностите за соработка во проекти од областа на инфраструктурата, преку доделување на концесија за изградба на патишта, железници, изградба на хидроцентрали и други енергетски објекти.

Особен интерес кинеската делегација покажа за инвестирање во проекти од областа на патната, железничката и енергетската инфраструктурата, се вели во соопштението.

Инаку кинеската компанија China construction first group corporation остварува приходи од 90 милијарди долари на годишно ниво, располага со околу 200.000 вработени, а остварува и спроведува проекти со 60 земји од светот.