Кинеска ChemChina заинтересирана за откуп на акции од Pirelli

50

pirelli

Кинеската корпорација China national chemical corporation и други заинтересирани инвеститори заеднички прават понуда за италијанскиот производител на гуми Pirelli. Вредноста на вкупната понуда за италијанската компанија се движи околу 7,7 милијарди долари, што ќе претставува една од најголемите акцизиции на Кина во последните години, пишува Wall Street Journal.

Кинеската China national chemical, позната како ChemChina, првично ќе плати 1,9 милијарди долари, со кои ќе откупи 26% од акциите на Pirelli, што се во сопственост на Camfin, автомобилска компанија што е индиректно под контрола на главниот извршен директор на Pirelli, Марко Трончети Провера. Кинеската компанија потоа планира да даде понуда за остатокот од акциите по цена од 15 евра за акција.

Доколку се постигне согласност за овој договор, Кина ќе ја преземе контролата во еден од најдобрите и најуспешни светски брендови за производство на автомобилски гуми. Доколку успешно се реализира, преземањето на Pirelli ќе биде најголемата бизнис зделка на Кина по 2012 година, кога беше преземен нафтениот гигант Cnoox за 15 милијарди долари.