Една од трите најголеми кинески државни авиокомпании е заинтересиран за купување на пакет акции од Etihad во Air Serbia, дознава српски Данас.
Весникот пишува дека Кинезите сакаат со купување на пакет од 49% од акциите на поранешен ЈАТ да ја зајакнат својата позиција на голем инвеститор во Србија (по аквизицијата на Железара Смедерево и РТБ Бор) и на “мала врата“ да влезе на европскиот авио пазар.
Се наведува дека “за таа цел, официјален Пекинг веќе ја информираше српската влада дека е спремна една од компаниите во сопственост на Кина да преземе пакет акции што го контролира Etihad, којшто веќе долго време се соочува со проблеми, поради што се шпекулира дека сака да излезе од сопственичката структура на Air Serbia, компанија што има негативни резултати“.
Весникот наведува дека е “познато дека Европската унија е многу скептична за било какви кинески инвестиции во земјите од Стариот континент, бидејќи во тоа се гледа експанзионистичка политика на Пекинг, а компаниите од тие земји сметаат дека се склони на нелојална конкуренција и кршење на пазарни правила.
Фото: Freepik