Кинеска компанија бара воведување билети за стоење во авион

59

spring airlines japan

Кинеската нискобуџетна авиокомпанија Spring Airlines, повторно поднесе барање до тамошните власти за воведување на евтини билети за стоење во авионите, пишува британски Телеграф.

“Потребни ни се многу услови за да може да се реализира оваа идеја, како што е соработка со производителите на авиони, добивање дозвола од страна на властите, како и интерес од страна на потрошувачите за овој вид услуга“, изјавил портпаролот на компанијата на Кинеското национално радио.

Првичната идеја за овој вид патување со авион, Spring Airlines ја имаше уште во 2009 година, бидејќи од компанијата сметаат дека за пониска цена патниците ќе може да патуваат со авион исто како и со автобус.

Секој патник ќе добие сигурносен појас, но исправеното седење на патниците ќе им овозможи на авиокомпаниите да го зголемат капацитетот на авионите за околу 40%.

Слично барање, претходно, поднесе и нискобуџетната авиокомпанија Ryanair, но истото беше одбиено поради безбедносни причини.