Кинеска компанија мора да плати 420.000 евра отштета поради фалсификувани производи

28

moncler

Луксузниот текстилен бренд од Италија, Moncler, објави дека ја доби правната битка против кинеската компанија којашто произведувала и продавала јакни со нивното лого, пишува Reuters.

Според пресудата на судот за интелектуална сопственост во Пекинг, кинеската компанија Beijing Nuyakate Gourmet мора да плати околу 420.000 евра отштета поради повреда на правото на трговска марка.

“Ова е прв случај и можеби првата пресуда според новиот кинески закон за трговска марка, според којшто е одредена максимална пропишана законска оштета“, велат од италијанската компанија.

Кина во последно време се обидува да се ослободи од репутацијата на пазар со многу фалсификувана стока, што претставува сериозен проблем кога странски брендови сакаат да влезат на кинескиот пазар.