Кинеската CPEIC ќе црпи нафта во Авганистан

71

Претставници на талибанската влада во Авганистан потпишаа историски договор со кинеската компанија CPEIC, кој вклучува екстракција на нафта од северот на Авганистан.
Според авганистанските медиуми, договорот бил потпишан во Кабул, а на церемонијата присуствувале претставници на Талибанците и кинескиот амбасадор во Авганистан.

„Првите три години од овој проект се истражувачки. Во овој период ќе се истражат 4.500 квадратни километри во три провинции во земјата. Од оваа област ќе бидат извлечени од 1.000 до 20.000 тони нафта“, изјави авганистанскиот министер за рударство Шахабудин Делавар.

Тој исто така нагласи дека договорот е потпишан на 25 години.

„Бараме од кинеската компанија да вади нафта врз основа на меѓународни правила. Компанијата ќе има поддршка од државните институции“, рекоа властите.

Како што е наведено, Авганистан треба да добие 20 отсто учество во проектот и 15 отсто од профитот, кој со текот на годините ќе се зголеми на 75 отсто.

„Проектот треба да обезбеди работа за најмалку 3.000 луѓе во Авганистан“, пренесува SeeBiz.