Кинеската економија оваа година ќе порасне посилно од очекуваното, а во 2022-ра година активноста ќе забави, што ќе го означи враќањето на долгорочниот тренд пред пандемијата, прогнозира Светска банка.
Економската активност во Кина оваа година би требало да се зголеми за 8,5%, прогнозираат експертите на Светска банка, подигнувајќи ја проценката за 0,4 процентни поени.
Кинеската влада е повнимателна во прогнозата, предвидувајќи дека растот оваа година ќе биде “над 6%“. Во 2022-ра година, растот според проценката на Светска банка би требало да забави на 5,4%.
Довербата на потрошувачите и компании континуирано се подобрува во последно време, што значи дека може да се очекуваат подобри услови на пазарот на труд и рат на домашната потрошувачка.
Кинескиот извоз, исто така, би требало да забележи подобри резултати во следниот период.
Кина беше единствена од големите економии во светот што забележа раст на активноста во пандемиската 2020 година.
Фото: Pexels