Кинеската Great Wall ќе произведува SUV модели во Бугарија

22

Great-Wall-Haval-H6

Бугарскиот производител Литекс Моторс ќе почне да произведува и да ја нуди луксузната марка Haval на кинеската компанија Great Wall. Во бугарското село Баховица, на почетокот на 2016 година ќе почнат да се составуваат кросоверите Haval H1, Haval H2 i Haval H6 Coupe.

Дизајнот на моделите е на Австриецот Андреас Дојфел, авторот на легендарните Mercedes- Benz ML и GL, и на Белгиецот Пјер Леклерк, поранешен дизајнер во BMW, пишува софиски Капитал.

SUV моделот Haval H1 се дефинира како еден од најмалите автомобили во сегментот B, кросоверот Haval H2 е лоциран во сегмент C, а моделот Haval H6 Coupe е претставник на сегмент D.

Трите модели ќе имаат камера за паралелно паркирање, 3,5-инчен TFT екран во боја со управувач на воланот, систем за следење на притисокот во гумите, мултимедијален систем со навигација и камера за рикверц со гласовно управување за паркирање, клима уред, аудио систем со 8 звучници, пристап и стартување на моторот без клуч, електронска рачна сопирачка со автоматско активирање…

Литекс моторс веќе произведува еден модел на оваа кинеска компанија. Haval e самостојна марка од 2013 година и е првенствено фокусирани на производство на кросовери.