Кинеската компанија BYD го фаќа чекорот со Tesla во продажбата на електрични автомобили

65

Кинеската компанија „BYD“ се израмнува со Tesla во однос на продажбата на електрични автомобили (EV), а според прогнозите на Bloomberg, Tesla би можела да го загуби своето водство веќе во тековниот квартал. Форбс е малку повнимателен, но и тој предвидува дека јазот меѓу американскиот и кинескиот производствен гигант за електрични возила ќе биде значително помал во 2024 година.

Според таа прогноза, приходите на Tesla од продажбата на електрични автомобили ќе бидат 114 милијарди долари во 2024 година, а приходите на BYD ќе бидат 112 милијарди долари. Претседателот на руската групација на компании Фаворит Моторс, Владимир Попов, смета дека „BYD“ има многу реални шанси да го престигне Тесла, пренесува Комерсант.

„Соодносот цена-квалитет јасно зборува во корист на Кина. Ниту една компанија не може да има толкав обем на производство како производителите во таа азиска земја“, тврди Попов. Според него, клучните предности на Кина се огромниот домашен пазар, кој е силно поддржан од државата и големите инвестиции во таканаречените гигафабрики за производство на батерии за електрични автомобили.

„Нереално е да се натпреварува со кинеските производители на електрични возила“, заклучил Попов, пренесува Танјуг.