Кинеската компанија BYD размислува да прави електрични автобуси во Бугарија

26

Кинеската компанија BYD (Build Your Dreams) ја разгледува можноста да прави електрични автобуси во Бугарија. Иако преговорите се уште се на почеток, во септември  претседателот на BYD Рангпинг Чен беше во Софија на конференција организирана од Бугарски совет за одржлив развој со партнерството на Индустриски кластер, што се смета како добар знак.
“BYD се подготвени да обезбедат електричен автобус за тест и тоа го организираме во моментов”, изјави Илија Левков – претседател на Индустрискиот кластер.  Тој објасни дека нивната идеја е да ги покажат предностите на електричниот автобус, пред тролејбусите, какви што треба да бидат купени во 6 градови во Бугарија.

Компанијата BYD произведува над 50% од батериите за мобилни телефони во светот. Според зборовите на Илија Левков, има најдобри електрични автобуси и се единствената автомобилска компанија која произведува автомобили, погодни за такси, во Пекинг се движат над 10.000 такси на компанијата BYD.
Цената на еден електричен автобус е 360.000 евра, а за споредба цената на нов тролејбус е 470.000 евра.