Кинеската модна компанија Shein, проценета на 100 милијарди долари, ги надмина H&M и Zara

139

Вредноста на кинеската модна компанија Shein се проценува на 100 милијарди долари по неодамнешниот круг на финансирање, што ја прави онлајн продавницата повредна од H&M и Zara заедно.

Финансискиот круг, кој беше затворен минатата недела, собра меѓу 1 и 2 милијарди долари за Shein , објави Волстрит журнал.

Основана во 2008 година, Shein е позната по продажбата на евтина облека и други предмети.

Нејзините агресивни тактики на социјалните мрежи вклучуваат платени партнерства со влијателни и познати личности  кои му помагаат на брендот да привлече нови клиенти од Z-Generation.

Сепак, брзиот раст на компанијата не помина без контроверзии. Покрај влијанието врз животната средина поврзано со брзата мода, Shein е обвинет и за крадење дизајни.