Кинески бизнисмен го купува New York Times?

32

nytКинескиот милионер Чен Гуангбиао, еден од 400 најбогати Кинези, се подготвува да даде понуда за купување на The New York Times. Чен (42) за медиумите изјавил дека има закажано средба со акционерите на 5 јануари во Њујорк. Издавачот на New York Times демантира дека весникот е на продажба.

Чен е сопственик на компанија специјализирана за собирање отпад и рециклажа. Тој е еден од најголемите филантропи во Кина. Неговото богатство на крајот на 2012 година беше проценето на 740 милиони долари.