Кинески Dalian Wanda планира да го купи филмското студио Legendary Entertainment за 3,5 милијарди долари

38

Jurassic-World

Кинескиот конгломерат Dalian Wanda Group планира да го купи контролниот пакет акции во холивудското филмско студио Legendary Entertainment за околу 3,5 милијарди долари, пишува BBC.

Dalian Wanda е најголем кино оператор во Кина со мнозински пакет акции во американската AMC Theatres. На чело ова оваа голема корпорација стои најбогатиот човек во Кина, Ванг Џиалин.

Тој беше заинтересиран да купи филмско студио во Холивуд, па преговараше со DreamWorks Animation минатата година, но најверојатно не беше постигнат договор.

Филмското студио Legendary Entertainment стои зад големите блокбастери како што се Jurassic World, Dark Knight Batman и Godzilla.